18-годишен тинејџер со шлем на главата, маска на лицето, елек, секира на појасот и нож в раце, упаднал во чајџилница во турскиот град Ескишехир каде повредил пет лица.
Тој бил фатен и приведен, по пријава на полицаец кој го видел инцидентот.
Според информациите, момчето го извршило нападот „под влијание на компјутерски воени игри што тој ги играл“ во играчниците во својот град.
Осомничениот е приведен, а петтемина повредени од неговиот напад се префрлени во околните болници. Меѓу нив има и две лица со потешки повреди опасни по живот.