Македонија

Радмила Шекеринска во најтесен избор за заменик генсек на НАТО, ќе стане ли десна рака на Марк Руте?

Радмила Шекеринска во најтесен избор за заменик генсек на НАТО, ќе стане ли десна рака на Марк Руте?

Угледниот портал Политико денеска објави дека две дами, екс функционерки на Македонија и Бугарија се во најтесниот круг за заменик на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте.

Едно од најспоменуваните имиња е на поранешната министерка за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска.

Доколку биде избрана, таа ќе стане највисок функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Шекеринска имаше клучна улога во влезот на Северна Македонија во НАТО пред четири години и моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти.

Марија Габриел е втората дама која се спомнува како евентуален заменик на првиот човек на најмоќната алијанса.

Како што нотира Политико, но и вишиот политички соработник во тинк-тенк Европскиот совет за надворешни односи Мајда Руге, повеќе се гледа Радмила Шекеринска како идеален кандидат за оваа позиција.

Руге додава дека за следниот заменик генерален секретар на НАТО ќе треба висока личност која е високо компетентна, има храброст, и е паметен во однос на Русија и исто така ги разбира предизвиците на Западен Балкан.

„Радмила Шекеринска одлично прилега на тој профил“, додава Руге.

Порталот додава дека Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија. Германија, на пример, проценува дека Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни