Ѓуро Јовчевски, одговорен за противпожарна заштита на Националниот парк Галичица, репортираше за пожарот на Националниот парк, кој беснее веќе 11-ти ден.
„Еве веќе 11-ти ден како пожарот и натаму е активен на Националниот парк Галичица, започнат на албанска територија. Источен ветер потоа го донесе до Македонија. Се гаснеше на најпрестапен терен, на 2100 метри каде што е тешко за движење, а не за работагаснете на 2100 метри. 11 дена 30 лица се постојано на терен. Осигурана е источната страница долж Преспанското езеро, се прават појаси со машини, 40 лица се на терен. Источниот појас добро е осигуран. Патот е безбеден за движење преку Галичица.
Најкритична точка е северозападот, поради ветер го врати пожарот, и таму се потребни воздухоплови, и 120 лица прават појаси. Се очекува денеска да дејствуваат три авиони и хелокоптер. Денеска доаѓаат од пожарните во Охрид и Ресен, доброволно противпожарно друштво од Свети Николе, од ЦУК, како и многу други луѓе дојдоа. Уште западниот дел да го осигураме и сметаме дека пожарот во следните денови ќе стивнува. Нема потреба од паника“, рече Јовчевски.