Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го прими бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.
„Соговорниците разменија мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охрид, Преспа и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.
Ахмети најпрвин го образложи духот на Охридскиот договор со тоа што го информираше амбасадорот за нацрт-платформата за легитимност подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс, како и за мислењата на локалните експерти.
Исто така, г. Ахмети на средби со граѓаните зборуваше за активностите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот од септември.
Истовремено, г. Ахмети истакна дека ДУИ е државотворна партија, а тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинувања, со цел да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.
ДУИ го докажа својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички инсценаторски обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не станат плен на провокациите на власта без етнички легитимитет.
Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени цели 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите.
Соговорниците се согласија дека Коридорот 8 е регионален и евро-американски приоритет и затоа Владата треба без одлагање да ги продолжи проектите за патно и железничко поврзување.“, стои во соопштението на ДУИ. Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го прими бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.
„Соговорниците разменија мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охрид, Преспа и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.
Ахмети најпрвин го образложи духот на Охридскиот договор со тоа што го информираше амбасадорот за нацрт-платформата за легитимност подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс, како и за мислењата на локалните експерти.
Исто така, г. Ахмети на средби со граѓаните зборуваше за активностите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот од септември.
Истовремено, г. Ахмети истакна дека ДУИ е државотворна партија, а тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинувања, со цел да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.
ДУИ го докажа својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички инсценаторски обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не станат плен на провокациите на власта без етнички легитимитет.
Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени цели 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите.
Соговорниците се согласија дека Коридорот 8 е регионален и евро-американски приоритет и затоа Владата треба без одлагање да ги продолжи проектите за патно и железничко поврзување.“, стои во соопштението на ДУИ.