Македонија

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев: Тој е срам за судството!

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев: Тој е срам за судството!

На итна седница, Судскиот совет денес го разреши Наќе Георгиев, врховниот судија кој доби три години пресуда затвор за митото од 15.000 евра, и за дело со кое се спогоди со Обвинителството.

„Георгиев не треба да зема плата ниту еден час плус од граѓаните, поради тоа што го направи. Тој е срам за судството“, било кажано на денешната седница, пренесува СДК.МК

Ѓеоргиев призна вина и се спогоди со обвинителката за организиран криминал и корупција Верица Бержецка-Крстева за три години затвор.

Максималната казна за вакво дело е 10 години, но судијата Душан Јосифов од Основниот кривичен суд ја прифати оваа блага казна за судија од врвот од судството од кој се очекуваше да дели правда.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни