Македонија

Град Скопје: Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Мицкоски

Град Скопје: Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Мицкоски

Град Скопје се огласи со соопштение дека раководството е целосно подготвено да седне на маса со премиерот Христијан Мицкоски за да се најде решение за проблемите во главниот град.

„Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата.

За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.

Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.

Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу владата и градот Скопје.

Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата на Р. Македонија, во корист на граѓаните на градот Скопје“, стои во соопштението на Град Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни