Свет

ВИДЕО Авион се урна во море за време на аеромитинг, пилотот не успеа да се катапултира!

ВИДЕО Авион се урна во море за време на аеромитинг, пилотот не успеа да се катапултира!

Приватниот колекционерски авион „Фуга Магистер“ денеска се урна во морето пред згрозените гледачи кои присуствуваа на аеромитингот во Франција, јавуваат локалните медиуми.

Според информациите, пилотот на овој приватен авион не се катапултирал навреме од авионот, а неговата состојба не е позната.

Информацијата за падот на авионот ја потврдија и од управата на пристаништето на градот, додека се наведува дека несреќата се случила на брегот на Лаванду, во Вар, нешто пред 17:00 часот.

На социјалните мрежи, вклучувајќи ја и платформата Х, видеата направени од аматери покажуваат како авионот се урнал на отворено море среде неколку чамци.

Воздухопловното шоу е откажано

Несреќата се случи непосредно пред Patrouille de France, дел од француските воздухопловни сили, да одржи јавен приказ по повод 80-годишнината од слетувањето во Прованса.

Авио шоуто започна во 16:30 часот. Авионот што се урна е вториот што поминал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни