Македонија

Филипче вели дека само СДСМ може да ги победи ВМРО-ДПМНЕ

Филипче вели дека само СДСМ може да ги победи ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека само СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ и никој друг.

Тој во интервју за Фокус порача дека партијата иако е исправена пред голем предизвик, истата била и претходно во слична ситуација од која се враќале посилни.

„Едно треба да биде јасно во однос на сите дилеми околу тоа дали СДСМ ќе се врати. Само СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Точно е дека СДСМ е исправена пред голем предизвик, но ние сме биле и порано во слични ситуации од кои сме се враќале посилни. Тоа ќе се случи и сега, а оние кои се надеваат на распад на партијата, ќе бидат разочарани. Сигурен сум дека стабилно и во континуитет ќе ја враќаме довербата кај членството и граѓаните“, порача Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни