Денес директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека од 1 август до денес во Македонија се регистрирани 660 пожари на отворен простор од кои 98 беа шумски и од кои повеќето се претворија во големи пожари тешки за гаснење.
Овие пожари ги исцрпија нашите сили и капацитети, рече Ангелов.
Тој објави дека пожарот на Галичица денес е изгаснат со помош на дождот кој заврна, додека кај Јасен кон Белица е со намален интензитет и се очекува ако заврне дожд да биде изгаснат.