Македонија

Мицкоски: Многу од проектите кои во минатото чекаа со новата Влада стануваат реалност

Мицкоски: Многу од проектите кои во минатото чекаа со новата Влада стануваат реалност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на спортска сала во Општина Петровец каде што рече „за мене претставува чест и задоволство што денеска сум поканет на овој убав настан, почеток на градба на нова спортска сала која што знам дека ќе ја користат многу дечиња од Општина Петровец и од ова населено место“.

Мицкоски упати „честитки до градоначалникот, советниците, до Министерството и министерката, до пратениците од овој регион од овде од Изборна единица 3 што се залагаат, што континуирано предлагаат проекти кои што како Влада ќе ги поддржуваме и во иднина“.

“Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме“, рече премиерот.

„Веќе разликата е евидентна, за нешто помалку од 2 месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност.

Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности.

Уште еднаш нека е аирлија, нека е со среќа и нека се множат ваков тип на објекти уште повеќе“, изјави Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни