Македонија

Еве кои пожари се активни во Македонија!

Еве кои пожари се активни во Македонија!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на територијата на државава во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани во текот на денов, откако шест биле изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Активни се пожарите во селата Браилово и Десово во Општина Долнени  со кои е зафатена сува трева и во село Јачинце во Општина Куманово, каде пак се опожарени сува трева и штала.

Под контрола е пожарот во Демир Хисар – Плакенска планина над село Вирово.

Изгаснати се пожарите во Аеродром, Чаир, ГОстивар, Василево, Свети Николе и Струга.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни