Околу 48 часа не делат до клучниот момент и гласањето кое неофицијално се најавува во Собранието за уставните промени. Откако денеска се откажаа од говорницата пратениците од редовите на опозицијата, се чини се повеќе се притиска да се дојде до процесот на гласање.
На кој му одговара вакво сценарио и кои се претпоставките на Власта, дали е можно до петок да биде овој процес завршен, па да премине во останатите две фази, за кои во последанта повторно ќе биде потребно 2/3 мнозинство.
Кој свири, а кој игра на орото со Сиртаки ритам? Одговор на ова прашање најверојатно ќе добиеме по гласањето кое неофицијално се најавува дека ќе биде во петок.
Изминативе три денови дебатата во Собранието беше жешка, а листата на пријавени дискутанти долга. Но, се се промени денеска, кога од збор се откажаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои како што велат нема за што повеќе да дискутираат, бидјеќи се било кажано.
Ве вечерашното издание на „Топ тема на ваша страна“ на Телма телевизија беше дискутирано помеѓу власта и опозицијата за можното решение, секретарот од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потеницраше дека тие нема да ги поддржат договорот во Собранието, а претставникот од СДСМ, Мухамет Зекири рече дека трето решение нема. Првото е да се изгласа во парламентот и второто е доколку не помине во парламентот да се оди на предвремени парламентарни избори.