Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште.

Според сведоштвата и фотографиите од теренот, за кратко време земјата се забелела од големото количество град, кој предизвика сериозни штети врз земјоделските култури, градините и дворовите во ова населено место.

Жителите известуваат дека градот паѓал со голем интензитет, уништувајќи ги земјоделските насади пред самата берба. Од надлежните служби се очекува дополнително да излезат на терен и да ја проценат точната висина на направената материјална штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни