Силна бура ја погоди северна Италија, а драматични видео снимки од аеродромот покажуваат како ветрови со сила на ураган превртеле лесни авиони на пистата.
Четири авиони биле превртени за време на бурата. Еден бил однесен од силен ветер за време на слетувањето, додека три други паркирани авиони биле поместени по пистата од налети на ветер, а потоа превртени.
Снимките покажуваат како авионите буквално се фрлаат по пистата „како играчки“.
Како што објавува CNN, инцидентот се случил откако силна бура ја погодила областа Форли, во италијанскиот регион Емилија-Ромања. Регистрирани биле налети на ветер од околу 120 километри на час.
Аеродромот морал да биде затворен поради екстремните временски услови.