Македонија

Се уште не се појавил добитникот на Лото кој освои 1,7 милиони евра

Се уште не се појавил добитникот на Лото кој освои 1,7 милиони евра

Милионерот од Охрид се уште не се појавил по освоените 1,7 милиони евра. Ова е најголемиот џекпот во историјата на Државна лотарија. Добитната комбинација се состои од броевите 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и е уплатена во Охрид.

Бидејќи билетот е уплатен во Охрид, се уште не е јасно дали добитникот е охриѓанец или турист кој бил на одмор во Охрид.

Претходната најголема сума е забележана во 2021 година, вредна над 41 милион денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни