Максималните температури денес беа 20 Попова Шапка, 24 Крушево, Лазарополе, 26 Маврови Анови, 29 Берово, Претор, Крива Паланка, Охрид, 30 Прилеп, 32 Виница, Тетово, 33 Битола, Штип, 34 Струмица, Кавадарци, 35 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 36 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 )
1 Крива Паланка, Маврови Анови.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денес е сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладнево во североисточните и западните претежно планински подрачја имаше локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно е и во Скопската Котлина со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=6
Во Скопје променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.