Македонија

Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, приведени четири лица меѓу кои две малолетни

Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, приведени четири лица меѓу кои две малолетни

На 28.08.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица. Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесено соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни