Македонија

Мисајловски: Има дополнителен пакет за помош на Украина

Мисајловски: Има дополнителен пакет за помош на Украина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата во касарна „Илинден“ на прашање на ТВ21 рече дека „има дополнителен пакет за помош на Украина“.

Мисајловски вели „државава подготвува уште еден пакет за помош кон Украина, земјава, како членка на НАТО има обврска секоја година да двои одредени средства за Украина, но сака да покаже и лојалност кој Алијансата“.

„Има дополнителен пакет за помош на Украина. Мислам дека наскоро ќе биде на седница на Влада, иако чекав сите министри да добијат безбедносен сертификат, бидејќи дел од овие информации се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани што дополнителна опрема ќе се дава, но важно е овој период да направиме и проценка на сето она што досега сме го дале, што до сега не е направено“, одговори министерот Мисајловски на прашање на ТВ21.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни