Минималните температури утрово се 11 Маврови Анови, Попова Шапка, 12 Берово, 13 Крушево, Крива Паланка, 14 Претор, Битола, Охрид, Тетово, Прилеп, 16 Куманово, Скопје-Петровец, 17 Кавадарци, Струмица, Штип, 18 Скопје-Зајчев рид, Демир Капија, Виница, Гевгелија, 20 Велес.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 10 Крушево, 8 Маврови Анови, 4 Попова Шапка, Тетово, 3 Битола, 1 Штип, Охрид, Крива Паланка.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето во текот на ноќта и изутриава преку ноќта имаше мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Дува северен до североисточен ветер.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Максималната температура ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=6
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен
североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.