Македонија

Денес овој град беше најтопол во Македонија!

Денес овој град беше најтопол во Македонија!

Максималните температури денес беа 16 Попова Шапка, 21 Лазарополе, Крушево, 22 Маврови Анови, 25 Берово, 26 Крива Паланка, 27 Прилеп, Претор, 29 Штип, Охрид, Битола, 30 Тетово, 31 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 32 Струмица, Виница, Кавадарци, Скопје-Петровец, 33 Гевгелија, 34 Демир Капија, информираат од УХМР.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 1 Претор, Струмица.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денес претпладне беше сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Доцна попладне засилува ветерот во регионот на Штип.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за грмежи. Во вечерните часови атмосферата насекаде ќе се стабилизира и преку ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=6

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен
североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност.

Максималната температура ќе достигне до 34 степена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни