Општина Студеничани не е дел од 54 општини кои добија проекти од Владата и Фондот за еднаков развој на руралните зони. Реконструкцијата на објектот на општината е единствен проект кој и е одобрен на општина Арачиново од централната власт. За овој проект, општина Арачиново добила 1 милион и 500 илјади денари.
„Општина Арачиново аплицираше со проекти и доби 1 милион и 500 илјади денари за реконструкција на општинската зграда. Додека општина Студеничани аплицираше но поради некомплетна документација е дисквалификувана“, изјави Рамиз Реџепи – директор на Фондот за рурален развој.
Новинар: Дали Арачиново доби средства за канализација?
Рамиз Реџепи: Не
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев рече дека за рурален развој оваа година се издвоени 7 милиони евра.
Новоназначениот министер за локална власт, Горан Милевски, информираше дека минатата година во Софија се потпишани 17 проекти за меѓугранична соработка со Република Бугарија.
Денеска е потпишан договор за финансирање на 74 нови проекти за развој на селата и регионите со специфични потреби во 54 општини. Според тоа што го велат владините функционери, тоталната вредност на проектите е 124 милиони денари. Сите проекти ќе се финансираат од страна на Владата, конкретно, од Министерството за локална власт. Иако добија проект, градоначалничката на општина Арачиново, Миликије Халими не беше присутна на овој настан.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ