Македонија

1,7 милиони граѓани извадиле пасош со „Северна“

1,7 милиони граѓани извадиле пасош со „Северна“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека 1,7 милиони граѓани извадиле пасош со новото уставно име Северна Македонија.

Како што вели, извадени се и 1,4 милиони лични карти и 700 илјади возачки дозволи.

„Од информациите кои што ги добивам од МВР, некаде околу 1.740.000 патни исправи, 1.440.000 лични карти и некаде околу 750 илјади возачки дозволи. Само да предупредам дека рокот за возачките е до крајот на годината. Нема веќе турканици, нема веќе неред, понижување на македонските граѓани, сега се е во рамките на оние законските 15 дена“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни