Приватните превозници денеска постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат.
Одлуката следува откако им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1.
Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје.
„Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега колегите се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје“, изјави Петрушевски.
Петрушевски посочи дека веќе има некои разговори и за цената на километарот и повика тоа да биде разговарано на следната седница на Советот на Град Скопје.