Македонија

Меџити: Патот Скопје-Блаце мислам дека и на нас и на граѓаните преку глава ни е, десет пати го промовираа и останаа на тие два километри

Меџити: Патот Скопје-Блаце мислам дека и на нас и на граѓаните преку глава ни е, десет пати го промовираа и останаа на тие два километри

За автопатот Скопје-Блаце, првиот вицепремиер Изет Меџити нагласи дека е државен интерес да се изгради и дека ќе се бара начин да се изгради на брз и ефикасен начин.

– Патот Скопје-Блаце мислам дека и на нас и на граѓаните преку глава ни е оти десет пати го промовираа и ќе го направат и на крајот останаа на тие два километри кои не се целосно реализирани. И новата Влада требаше да ги заокружи и тие два километри. Од булеварот „Хасан Приштина“ којшто е до клучката, тие неколку километри Владата ги имаше доделено средствата на Град Скопје и гледаме дека и тоа не оди успешно. Бараме друг начин тоа да го спроведе Владата на брз, ефикасен начин. Потоа остануваат уште десет километри од клучката до тие два километри. Првите пет километри не се проблем и мислам дека може да се тендерираат и да се отпочнат со работа оти таму нема проблеми за експропријација, рече тој.

Меџити нагласи дека „последните пет километри од овој патен правец се градат по ридот“ и потенцира дека е речиси невозможно да се градат.

– Но, последните пет километри не знаеме од кои причини не одат како во Косово каде што градеше „Бехтел“ во Лепенец, не оди ниту по стариот пат, ниту на некоја удолница, туку се качија на ридот горе што таму е речиси е невозможно, потребни се шест тунели и инвестицијата е голема отиде на 24 милиони евра за километар. Додека се градат овие до клучката и тие другите пет километри, можеме да го ревидираме тунелот од што ќе добие државата оти ќе чини поевтино. Ќе добијат граѓаните бидејќи ќе се оствари побрзо. Ќе изгубат само тие што се навлезени длабоко во корупција. Изгледа и тука имаат купено земјишта и се проверуваат. Ние работиме во интерес на граѓаните, на слободниот проток на стоки и полесен пристап од двете страни. Македонија само со Република Косово има суфицит и државен интерес е што побрзо да се реализира тој пат, рече Меџити.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни