Македонија

Не се изгласа интерпелацијата за собранискиот спикер Африм Гаши

Не се изгласа интерпелацијата за собранискиот спикер Африм Гаши

Не беше изгласана интерпелацијата за Африм Гаши, поднесена од страна на пратениците од пратеничката група на Левица. Левица поднесе интерпелација поради скандалите во последно време, а особено по реакцијата на скопскиот аеродром и инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи, како и поради свадбената поворка која без проверка го минала ГП Блаце кон Косово.

Против интерпелацијата гласаа 72 пратеници, за беа 21 пратеник, а немаше воздржани.

За да беше успешна требаше да гласаат мнозинството на пратеници.

Цел ден се водеше расправа во парламентот за интерпелацијата на Гаши, и на крајот не помина интерпелацијата.

Гаши кажа дека интерпелацијата е против верската припадност на претседателот на Собранието.

„Парламентот е место каде треба да има отчет, а граѓаните го даваат последниот суд. Како човек сум отворен и не кријам ништо и од никого, туку сакам отворен пристап за сите прашања. Затоа јавно поставувам прашање, на кого му служи оваа интерпелација и за каква цел. Сигурен сум дека одговорот на овие прашања ја дава суштината на оваа интерпелација. Левица е партија којашто идеолошки треба да го обединува и храни народот со теоријата за еднаквост, но за жал во реалноста таа е партија што многу често се профилира екстремно десно со своите ставови – против нашата евроатлантска интеграција, нашата посветеност за добрососедски односи и нашата посветеност за меѓуетничка хармонија. Многу е лошо кога се игра на картата на национализмот, за осудување на другиот без да се слушне другата страна. Не е потребно длабоко разбирање на политиката за да се види дека тие што се против нашиот европскиот пат и ја загрозуваат нашата внатрешната етничка кохезија дека тие работата против постоењето на нашата држава – изјави Гаши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни