Доцна вечерва повторно се појавија пламени јазици во скопската населба Кисела Вода кај Расадник.
Според првичните информации, огнот веќе е изгаснат од страна на жителите кои и го пријавиле во пожарна.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов потврди дека на терен е и екипа од пожарната.
Денес имаше голем пожар во скопската населба, а гаснењето беше отежнато поради непрописно паркирани возила и поради тоа пожарникарите не може да интервенираат.