Свет

Драма во Шведска: Ученик застрелан во училиште!

Драма во Шведска: Ученик застрелан во училиште!

Шведската полиција денес соопшти дека тинејџер бил застрелан во обид за убиство во училиште во близина на Стокхолм и дека осомничениот е приведен.

Жртвата е пренесена во болница, додаваат од полицијата. „Повредениот е свесен и можеше да зборува кога полицијата пристигна на местото на настанот“, додаваат тие во соопштението, пренесува Ројтерс. Според шведските медиуми, злосторството наводно се случило во училишниот тоалет. Едно лице е уапсено поради сомнение за обид за убиство. „Не бараме повеќе сторители и немаме повеќе повредени“, изјави Хелена Бостром Томас, портпарол на полицијата. Областа околу училиштето е опкружена. „Го истражуваме местото на злосторството и разговараме со сведоци кои можеби виделе нешто“, додаде таа.

Засега нема информации што му претходело на пукањето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни