Претседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, Максим Димитриевски по повод 8-ми септември Денот на независноста упати честитка.
„Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации.
Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас.
Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас.
Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет.
Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни
проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна
иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!“ – вели Димитриевски.