Македонија

Нова цена на горивата од полноќ

Нова цена на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.9.2024 година.

Од 12.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  74,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             76,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            68,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 42,317 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,190 ден/кг и сега ќе изнесува 42,317 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни