Македонија

Дисциплинска за 6 полицајци за одењето на Гаши на свадба во Косово

Дисциплинска за 6 полицајци за одењето на Гаши на свадба во Косово

МВР ќе поведе дисциплинска комисија против шест полицајци поради патувањето на Африм Гаши на свадба во Косово, односно начинот на кој биле пропуштени возила на граничниот премин Блаце.

Оделот за внатрешна контрола по разговорот со службени лица и прегледот на видео надзорот констатирал повреда на работниот ред и дисциплина кај полициски службеници.

Внатрешната контрола констатирала дека откако делегацијата на Гаши ја поминала границата на преминот „Блаце“, по неа, на лентата за излез број 1, поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, се наведува во соопштението од МВР.

Утврдено е дека Н.Б. наместо да врши непосредно физичко обезбедување на претседателот на Собранието, врши дејствија на граничниот премин кај кабините за излез и царинските кабини, со кои овозможува цивилни возила да се приклучат кон делегацијата, како и да се даде приоритет цивилно возило да ја помине државната граница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни