Македонија

Вицепремиерот Димовски на средба со новиот евроамбасадор Рокас: Да се забрза процесот за отворање на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот Димовски на средба со новиот евроамбасадор Рокас: Да се забрза процесот за отворање на преговорите со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската Унија Н.Е Михалис Рокас.

Честитајќи му на амбасадорот за новата должност, заменик-претседателот Димовски му се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на делегацијата на ЕУ на нашиот евроинтегративен процес.

Основните точки во отворениот и плоден разговор беа ставени на активностите на Владата во следниот период и предизвиците во забрзување на процесот на отворање на преговорите, владеењето на правото со враќање на довербата кај граѓаните во правосудниот систем, премостување на отворените прашања и интензивирање на економскиот раст, дополнително со предвидената финансиска поддршка од страна на Европската Унија.

Истовремено, се сподели ставот за новите можности за уште подлабока соработка со делегацијата на ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни