Македонија

„Цивил“ бара реформи во изборниот систем: „Нормални избори, со нов закон и прочистени списоци“

Неопходни се реформи во изборниот систем, а во земјата мора да има само една изборна единица, смета Невладината „Цивил“. Џабир Дерала бара во отворените дебати за измени на изборниот систем да бидат вклучени сите политички партии. Тој додава дека системот со шест изборни единици ги фаворизира само големите политички сили во земјата.

Дерала вели дека земјата не смее ниту да помисли на предвремени парламентарни избори во период на реформи, а уште помалку без притоа да ги прочисти изборните листи и да спроведе измени во Изборниот законик.

Од „Цивил“ сметаат дека реформите во изборниот систем треба да почнат од корените, а реформирањето треба да ја опфати и Државната изборна комисија. Дерала додава дека треба да се измени и начинот на гласањето на дијаспората. Според него, право на глас во дијаспора треба да имаат сите граѓани кои поседуваат македонски пасош.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни