Македонија

Нови 57 случаи на ковид-19, починале четири лица

Нови 57 случаи на ковид-19, починале четири лица

Во периодот од 9 до 15 септември во земјата се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2.

Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, пријавени се четири починати лица – двајца од Скопје и по еден од Битола и Тетово. Сите починати лица се над 70 години и невакцинирани.

Во текот на овој период, тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите кои извршуваат молекуларно и антигенско тестирање за SARS-CoV-2, што е намалување од 36,5% во споредба со претходната недела. Регистрирани се 57 нови позитивни случаи, што претставува намалување од 48,6% во однос на претходната недела.

Во тековната недела, заболени лица се регистрирани во осум градски општини. Најголем број на случаи е забележан во Скопје (n=39; 68,4%), додека највисока инциденца е забележана во Делчево (14,7/100.000).

Заболени се регистрирани во сите возрасни групи, но најголем број на случаи се пријавени кај лицата над 60 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни