Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. Од утре до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни.
Утре температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.
Во Скопје во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината поројни и проследени со грмежи.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.