Македонија

Приведен разбојник поради извршени разбојништва во обложувалници во Скопје

Приведен разбојник поради извршени разбојништва во обложувалници во Скопје

На 17.09.2024 во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел. При преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни