Македонија

Уставен суд поведе постапка за „балансерот“

Уставен суд поведе постапка за „балансерот“

Денес Уставниот суд на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, нагласи дека денеска апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.

– Круцијален момент за одлука на судот е тоа каква е општествената реалност денеска. Дали таа ја има исполнето својата цел, според мене да правичната и соодветна застапеност ја има постигнато својата цел. Ова го зборувам од призма што откако ќе ја исполни својата цел, го повредува принципот на компетентност, рече Костадиновски.

По сопствена иницијатива, Костадиновски му предлужи на судот да поведе и постапка и за регистарот, балансерот и носењето годишни планови за вработување во јавната аднимистрација.

– Сите знаеме во каква реалност живееме. Знаеме каков е квалитетот на услугите и довербата на граѓаните во државниот апарат и јавниот сектор. Ако сме искрени ќе признаеме дека барем во еден сегмент и овие оспорени одредби сметаме дека имаат удел во таа наша реалност. Сето ова го кажувам со надеж дека нема да биде погрешно разбран, изјави Костадиновски.

Бозаџиева рече дека „укинувањето на Балансерот не значи укинување на темелната вредност“.

-Укинување на Балансерот не значи укинување на темелната вредност. Таа и понатаму стои, се додека не се оцени дека не е потребна, односно законодавецот не кажат дека таа афирмативна мерка ја исполнила својата цел и треба да се укине. Сметам дека дадениот предлог е прифатлив, основан, бидејќи влегуваат во делот на трудово право, изјави Васиќ Бозаџиева.

Според, Бозаџиева „балансерот“ не треба да се укине, туку да се замени со нова алатка што нема да генерира негативна дискриминација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни