Не е прифатен предлогот за исклучување на јавноста од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судот го одби барањето од мајката и сестрата на Вања за исклучување на јавноста.
Владимир Туфегиќ, адвокат на таткото на Вања кажа дека не постојат законски пречки ниту законски основ за исклучување на јавноста од целата главна расправа. Таткото е оштетен и жртва во оваа постапка, кажа тој.
Судењето почнува денес, а во судница покрај четворицата обвинети, се појави и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, откако ОЈО ги спои предметите.