Македонија

Главчев: Тонот што Република Северна Македонија го користи во последно време, нема да им помогне да станат дел од ЕУ

Главчев: Тонот што Република Северна Македонија го користи во последно време, нема да им помогне да станат дел од ЕУ

„Мислам дека тонот што Република Северна Македонија го користи во последно време, нема да им помогне да станат дел од ЕУ. Направивме доволно компромиси со нашиот национален идентитет“.

Ова го кажа премиерот на техничката влада на Бугарија, Димитар Главчев околу односите со нашата земја во последно време.

Главчев ги коментираше изјавите на Александар Николоски кој ги нарече бугарските политичари „корумпирани“.

„Бугарија е лојален на ЕУ, и земја членка на ЕУ и немаме со што да ги изненадиме. Ние сме за проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Секоја земја која сака да стане членка, треба да се семе во предвид и исполнувањата на барањата кои се неопходни. Република Северна Македонија ќе мора да ги усогласат барањата на ЕУ за да станат членка“, рече Главчев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни