На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се затворат сите случаи водени од СЈО, портпаролот Димче Арсовски истакна дека треба да се затвори СЈО затоа што се покажа дека работело на недозволиви принципи.
„Едно е јасно дека во моментот со потврдата на Зоран Заев дека
Катица Јанева, односно дека СЈО треба да се затвори потврдува дека до сега, до моментот СЈО работело на принцип на рекет на уцени и не се водени истрагите како што треба. Во однос на сите други ставови дали треба, како треба и што треба ќе излеземе кога ќе се анализира целиот закон тоа би било наредните денови и тогаш ќе можеме да одговориме на сите подетални прашања.
Инаку како што рековме претходно така и сега за нас е важно да има неселективна правда и нормално секој кој што се огрешил пред законот да одговара, а оној кој што не се огрешил да не биде предмет на политички притисоци, политички уцени само заради тоа што не размислува како Зоран Заев или само затоа што не го платил рекетот кај Катица Јанева„, вели Арсовски.