Променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност поголема попладне кога ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата.