Премиерот Христијан Мицкоски денеска по прашање околу раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ, истакна дека тоа е лоша порака за македонските граѓани.
Како што вели, ние како држава имаме поминато многу.
„Мислам дека многу работи кои што никој не ги направил, кој што сега е кандидат, преговара или кој што е членка, ние ги направивме и кои што немаат никаква врска со Копенхагеншките критериуми. Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во преговарачка рамка. Жалам што претходната врата егзибистички прифаќаше се и мафташе со европско знаме“, вели Мицкоски.
Тој вели дека го дели впечатокот со огромното мнозинство македонски граѓани дека не треба повеќе, на сметка на национални, идентитетски остапки без гаранции да се прифаќаат услови.
„За мене тоа е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара, тогаш не, благодарам“, порача Мицкоски.