Македонија

Писонеро: ЕК со нетрпение очекува што побрзо да започнат преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија

Писонеро: ЕК со нетрпение очекува што побрзо да започнат преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија

Европската комисија со нетрпение очекува што побрзо да започнат преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија, изјави портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства, Ана Писонеро. Оваа изјава доаѓа по одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) за започнување на преговарачкиот процес со Албанија на 15 октомври.

„Нашиот став е јасен: Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот ‘Основни вредности’ со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро, по исполнувањето на релевантните критериуми од Северна Македонија, договорени со Советот“, изјави Писонеро во одговор на прашањето за „раздвојувањето“ на Тирана и Скопје во европскиот пристапен процес.

Таа нагласи дека тие „релевантни критериуми“ вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.

„Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“, додаде Писонеро, нагласувајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни