Македонија

31 годишна родилка почина во болницата во Куманово

31 годишна родилка почина во болницата во Куманово

Родилка вчера починала во Општата болница Куманово, велат од Министерството за внатрешни работи, Општа болница Куманово и Јавното обвинителство. 

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка од Куманово.

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Се очекуваат дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни