Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски повтори дека има амбиција да се кандидира за градоначалник на Град Скопје на наредните локални избори, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи од неговата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас имам таа амбиција и не планирам да се откажам. Изминатите три години покажав како успешно да се управува општина како Кисела Вода, која порано имаше долг од над 3,5 милиони евра. Покажавме систематски пристап во решавањето на проблемите на граѓаните. Верувам дека мојата партија ќе спроведе анкети во наредниот период и сум уверен во поддршката од граѓаните на Скопје“, заклучи Георгиевски.