Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола, близу селото Лагово.
Несреќата се случила во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички, кое се движело кон Битола, и камион кој се упатувал кон Прилеп.
Екипите на Противпожарната единица сè уште работат на гаснење на огнот, бидејќи возилата се запалиле по судирот.
Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош во Прилеп, Боше Милошески, повикот за помош бил примен околу 7:45 часот. На местото на несреќата е потврдена смртта на Никола и Наташа Василевски, додека возачот на камионот се здобил со повреди.
Полицијата и основното јавно обвинителство продолжуваат со увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е целосно затворен.