Македонија

29 години од атентатот на Киро Глигоров – се уште се истражува кој се обиде да го убие!

29 години од атентатот на Киро Глигоров – се уште се истражува кој се обиде да го убие!

На 3 октомври пред 29 години, извршен е атентат на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата.

Во инцидентот загина неговиот возач, Александар Спировски, а телохранителот Илчо Теовски беше повреден. Поради повредите, загина и случајниот минувач, Христо Христоманов, а повреди претрпеа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата покажа дека атентатот бил внимателно подготвен и организиран. И покрај тоа, идентификацијата на лицата зад нападот останува непозната, а истражната постапка против непознат сторител сè уште е отворена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни