Македонија

ВИДЕО: Двајца лекари и техничар загинаа на патот Прилеп – Битола

ВИДЕО: Двајца лекари и техничар загинаа на патот Прилеп – Битола

Тешка несреќа утрово на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп, по што и двете се запалиле.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот.

Три лица се загинати. Според информациите, се работи за лекари и техничар од приватна болница во Битола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни