Пожарот во магацинот на станбената зграда во Чаир утрово е конечно изгаснат.
Во моментов се испумпува водата од гаражниот простор, а пожарникарите продолжуваат со работа и во следните денови.
Според информациите, по расчистувањето на просторот, инженери ќе влезат во зградата за да ја проверат статиката и да утврдат дали е безбедно за жителите да се вратат во своите домови.