По скоро девет часа поминати од несреќата во која загинаа три лица на магистралниот пат Битола – Прилеп кај клучка „Лагово“ сообраќајот од 16:25 часот е нормализиран, известија од АМСМ.
Во несреќата загинаа Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска кои долги години работеа во битолската болница Плодност. Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило „тојота“ во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар и на самото место починале тројцата патници.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Прилеп.