„Вие редовно ќе бидете информирани за текот на истрагара и содржината што произлегуваат од незаконскткоследење на коминикациите .преку пратениците вие одлучивте и на негово чело да застанам јас и од тоа нема поголема чест. Правдата ќе победи“.
Ова беше првата изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева која што со концезус од сите политички партии учесници во договарањето во Пржино , под покровителство на евроокомесарот Јоханес Хан ги договорија и предвремените парламентарни избори но и формирањето на специјалното јавно обвинитлество .На 15 ти септември 2015 година , официјално беше формирано СЈО, како производ на политичката криза која ескалираше по објавувањето на таканаречените опозициски бомби.
„Личноста која што беше избрана , според информациите што ги добив се работи за личност која е висок професионалец, и која што има меѓународни обуки ,во америка Италија , и според нејзиното СВ, и она што досега го постигнала како нејззино искуство , укажува декаќе стане збор за личност што е професиона и образована, ке може да го носи со себе.Ова личност ќе ја има целата наша поддшка и услови за работа.Сакаме на најтрасперентен начин да ја заврши целата работа“, изјави тогаш Груевски.
И актуелниот премиер Заев не го криеше задоволството од предвремените избори , но и од формирањето на СЈО.
„СЈО е формирано со концензус на сите партии и пратенци во Собранието.И тоа има своја намена и потреба за функционирање за тоа што е формирано,јас сум убеден и сакам тоа да си ја заврши работата за тоа што е формирано , што занчи да истражи се од незаконското прислушување“, истакна Заев.
Вака звучеа главните политички фигури , а граѓаните како никогаш досега на ниту една институција не и веруваа повеќе.Токму СЈО имаше повеќе од 80 проценти верба дека правдата ќе биде задоволена.Подршка која на моменти обвинителите на Јанева ги издигнуваше до небо.Од протести на улица , до печатење на маици.Едноставно Чарилевите ангели на правдата беа идоли.И почнаа првите прес конференции на кои се презентираа случаи од прислушуваните разговори. Тифани, „Труст”, „Тенк”, „Титаник 2, „Траектроија”, „Тарифа”, насилството во општина Центар, „Тотал”, „Топлик”… „Тревник“ се редеа предмети Сѐ на сѐ, 40 недовршени процеси по четири години работа. Најбрзо заврши случајот „Тифани“, во кој новинарката Ивона Талевска ја призна вината за затајување данок и доби условна казна, со задолжување да врати 27 илјади евра. За набавката на блиндираниот мерцедес, само Ѓоко Поповски е во затвор. Груевски избега во Будимпешта, а Јанкуловска доби одложување на затворот.Правосилна е и одлуката за „Труст“, каде осуда има за бизнисменот Сеад Кочан, кој требаше да оди во затвор, но се разболе и за „Триста“ за набавката на возила во МВР. СЈО го изгуби случајот со Латас и неговите викендички во Зелениково.Од формирањето па досега секоај година се зголемуваше буџетот.
Буџет на СЈО
2015 ————-220 илјади евра
2016 ————-2 милиони евра
2017—————-2,6 милиони евра
2018—————-3,1милиони евра
2019—————-3,7милиони евра
Сега кога во јавноста се обелодени случајот Рекет , за кој во привор се Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец , а осомничени се уште неколкумина , меѓу кои постои основано соменние дека е и главната специјална обвинителска Јанева , и некои високи партиски функционери на СДСМ , премиерот Заев излезе со нов предлог и став на СЈО.
“Нема повеќе Катица Јанева и треба иднина за СЈО.“, рече Заев.
Новиот закон за Јавното обвинителство за криминал и корупција е прифатен за опозцијата , но предлогот , актуелната шефица Вилма Русковска да остане на чело не е прифатлив.
РЕПОРТЕР: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ